НЕМА ИНТЕРНЕТ, НИТУ ПРОДАВНИЦИ: Место каде жените се главни (ФОТО и ВИДЕО)

by Тони Зографски

За разлика од останатите острови кои ги проголта туризмот, островот Карпатос негува друг пристап.

На прв поглед островот кои има 7.000 житес изгледа како сите други во Грција. Иако е оддалечен само еден час со авион од Атина, на островот времето застанало. Најмногу луѓе живеат во главниот град Пигадија, но особено е интересно селото Олимпос, во северниот дел од островот, каде што владеат жени.

– Не постојат многу места на светот што се опишуваат како заедница на матријархат. Тоа е нешто сосема различно од она што сме навикнати – раскажува Кејти Сехл од Си-ен-ен, која патувала и го посетила ова место.

Матријархат е заедница позната како место во кое жените се главни, но прашањето е на кој начин ваквата традиција се применува денес. Локалните жени се господарки во кујната, не само со своите куќи, туку и во рестораните. Се облекуваат во традиционална облека за религиозни церемонии, додека мажите се облечени во обична облека. Жените се наоѓаат на важни позиции и ја одредуваат политиката на островот.

– Во многу општества женската моќ е тајна, но во Олимпос вакви тајни нема. Жените имаат посебна сила или моќ да управуваат со домаќинството и да преживеат на овој остров – вели Фотеина Фрагкоу, локална жена која се занимава со туризам.

Жените се одговорни за продолжување на традицијата, споделување и пренесување на рецептите. Така било отсекогаш и така и ќе биде понатаму.

– Жените на Олимпос ме потсетија на она што е важно: жените се силни, без оглед на тоа во кој систем или во кое општество живеат – вели Сехл.

Во ова село над морето, со бело-сини куќарки, се чуваат традиционалните обичаи од дамнешни времиња. Имотот го наследува најстарата ќерка и го носи името на својата баба. На северниот дел на островот туризмот не ја уништува областа, туку се развиваат мали програми во согласност со идејата дека локалната заедница може да преживее и да ги цени туристите.

– Не ни е цел да имаме милион туристи, туку мала група од оние што своите пари ќе ги трошат на локални настани, како што се кулинарски натпревари и туристички тури. Иднината е системот на туристи – вели Агапиоу, која управува со еко-туристичка програма во Северен Карапатос.

останати вести