БЕШЕ БАНКАР, СЕГА Е ЖИГОЛО: Зема по 4.000 долари од ноќ

by Тони Зографски

Џејмс Рајан имал успешна кариера во финансиите, но се откажал и станал жиголо. Идејата ја добил од бившата девојка која работела како ескорт-дама, и денеска за “дружење“ наплаќа од 400 до 4.000 долари.

Џејмс кој има 31-години со оваа професија се занимава шест години, а во емисијата ”This Morning” откри дека најтешко му било да и признае на фамилијата што работи.

“ На пријателите им кажав веднаш што работам, а моето семејство на почетокот ништо не знаеше. Кога им кажав, воопшто не го сменија нивниот однос кон мене“ – рече Рајан.

Тој во емисијата откри дека меѓу неговите услуги најпопуларна е опцијата “луксузен одмор“. Прво со клиентката се оди на вечера, од таму се заминува во хотел каде и се приредува интимна забава.  Таму шест часа “галење и задоволство“ се наплаќа повеќе од 3.000 долари, а ако се договори за цела ноќ, тогаш цената скокнува на повеќе од 4.000 долари.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com