На хронично болните ќе им бидат поделени 43.000 маски

by Тони Зографски

43.000 хронично болни бесплатно ќе добијат маски за заштита од аерозагадувањето. Покрај нив, како ризична група, министерот за здравство, Венко Филипче, смета дека маски треба да добијат и децата.

“Маски за заштита од аерозагадувањето ќе добијат 43 илјади хронично болни граѓани. Сега го утврдуваме бројот на децата и начинот на кој би им ги поделиле маските“, истакна денеска Филипче, одговарајќи на новинарско прашање.

Тој посочи дека вчера имале комуникација со Министерството за животна средина и просторно планирање и апсолутно се согласни дека тоа не ја решава причината, но дека треба и мора да најдат начин да ги дистрибуираат маските, бидејќи, како што рече, сепак тоа е некаква форма на заштита.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com