Сопругата на поп звездата Роби Вилијамс, Ајда Филд искара еден од фановите на нејзинииот маж кој му понудил алкохол, со кој со години пејачот имаше големи проблеми.
Роби во својата емисија “At home with the Williamses” ја раскажал непријатната случка која му се случила на концертот во Лас Вегас.
-Имаше едно момче на кое во тој момент му пеев, и наеднаш тој ми понуди пијалок, рече дека е безалкохолен, а всушност беше пиво.
На неговата приказна се надоврза сопругата на Роби Вилијамс, Ајда која остро ја осуд постапката на момчето.
-Не можам да поверувам дека луѓето се такви. Како е можно на поранешен алкохоличар да му давате алкохол? Момчето не е негов фан туку негов непријател- остро изреагирала Ајда.