“МОРА ДА СЕ ОДНЕСУВАМЕ КАКО ДА ГО ИМАМЕ ВИРУСОТ“: За српската докторка ноќните клубови се најголем извор на зараза

by Тони Зографски

Српскиот епидемиолог Дарија Кисиќ Тепавчевиќ денеска изјави дека размислува да се ограничи работата на ноќните клубови, бидејќи според неа, тие се најголем извор на зараза во Србија.

-Мораме да размислиме околу ограничување на работата на ноќните клубови, да се редуцираат излегувањата на младите до наутро. Знам дека таквата мерка не е популарна, но е неопходна. Тие се најголеми расадници на инфекција – изјавила Кесиќ и додала:

-Можеме дома да направиме голема трагедија со таквото однесување.

Според докторката, сите треба да се однесуваме како да го имаме вирусот и дека можеме некого да заразиме.

-Почетокот на летото не е период кога очекуваме епидемија да “збувне“, но гледам дека ковид-19 се шири со голема брзина штом се створат услови за тоа, -изјавила Кисиќ Тепавчевиќ.

 

останати вести