39
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа загуби во својот прв меч на главниот турнир од еден гренслем-турнир, откако денеска беше поразена во пресметката против Аманда Анисимова (3-6, 2-6) на свето деби на Вимблдон.
Лина денес играше против шестата најдобра тенисерка во светот која, пак, лани беше финалистка на овој турнир.
Првиот сет го загуби со само еден брејк и со три освоени гема.
Фаворитката го засили ритамот во вториот сет, но и покрај тоа нашата Лина се спротивставуваше колку што можеше. Таа освои два гема и во овој дел од играта.
Ѓорческа од Вимблдон си заминува презадоволна, со 100.000 долари освоена награда заедно со 50 рејтинг поени кои ќе ѝ помогнат да напредува на ВТА листата.
