Латас поднесе оставка од главен уредник во Сител

by Тони Зографски

Драган Павловиќ Латас денеска соопшти дека поднесува оставка на функцијата Главен и одговорен уредник во ТВ Сител.

„Оставата ја поднесувам со цел – заштита од понатамошни притисоци кон мене како новинар и кон медиумот во кој работам. Продолжувам со својот професионален ангажман во ТВ Сител и понатаму, како новинар и како извршен продуцент кој има задача да се грижи за создавање и продукција на сопствената програма на ТВ Сител“, објаснува тој во неговото соопштение до медиумите.

На оваа функција во ТВ Сител Латас бил од мај 1997 година до денес.

 

останати вести