КОРОНА ДНЕВЕН ИЗВЕШТАЈ: 46 новозаразени, 15 починати

by Тони Зографски

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

Во последните 24 часа се направени 3.487 тестирања, а регистрирани се 46 нови случаи на КОВИД-19 во: Скопје – 27, Куманово – 8, Охрид и Струга – по 2, Прилеп, Битола, Кочани, Кичево, Делчево, Виница и Крушево – по 1.

Регистрирани се 89 оздравени пациенти од: Скопје – 51, Куманово – 9, Кочани, Струмица и Радовиш – по 3, Кичево, Тетово, Велес, Штип и Ресен – по 2, Охрид, Битола, Виница, Гостивар, Кавадарци, Свети Николе, Пробиштип, Богданци, Демир Капија и Македонска Каменица – по 1.

Пријавени се вкупно 15 починати лица: 7 лица од Скопје (48г,57г,64г,85г, 91г,91г и 93г), по едно лице од Куманово (68г), Тетово (69г), Велес (61г), Штип (65г), Битола (61г), Кавадарци (82г), Богданци (62г) и Валандово (85г).

Од пријавените, 4 лица  се починати  во домашни, а останатите 11 во болнички услови.

останати вести