Кили и Гордана ја омажија ќерката во Еквадор (ФОТО)

by Тони Зографски

Македонскиот актер Кирил Поп Христов и кореографот Гордана Деан Поп Христова во Еквадор каде што живеат ја омажија ќерката Јоана (25) која очекува бебе.

Веста на социјалните мрежи ја објавија и Кили и Гордана.

“Ете…го доживеав и ова. Совршено сум пресреќен зашто им ја гледам љубовта како дури и прекипува. Колку е тоа прекрасно кога сакаш .. и знаеш да сакаш .. и сакаш да сакаш. Бебето ке биде маестрален производ на тоа силно сакање,“  напиша Кили.

“Се омажи нашето бебе и ќе има бебе“, напиша Гордана.

Инаку, Јоана се омажи со Родриген Сориа Хозе Луис со кого беше во врска подолго време. Кили со семејство одамна се пресели во Еквадор.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com