Камчев нуди 2,2 милиони евра за да му биде вратен пасошот

by Тони Зографски

Бизнисменот Орце Камчев, осомничен во истрагата „Империја“ понудил 2,2 милиони евра како гаранција за да му биде вратен пасошот.

Одлуката ќе ја носи апелациониот суд во четврток. Камчев и претходно понуди слична сума пред кривичниот суд, но му беше одбиена..

Откако му беа одземени македонскиот и бугарскиот пасош,  Камчев лани во мај успеа да добие времена нова патна исправа од Катица Јанева додека таа сè уште беше специјална обвинителка.

Случајот “Империја“ е во фаза на истрага и го води обвинителката Лиле Стфанова..

 

останати вести