За време на прошетка во Њујорк, Ријана го подигна здолништето и го покажа задникот (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Ријана прошетала во мини здолниште, кое го искомбинирала со сина кошула и црни патики. Ријана во еден момент го подигна здолништето и го покажа задникот. „Се помирив со фактот дека нема да имам стомачни до следната година, па ја сменив летната цел, а тоа е да ја усогласам бојата на патиките со гаќичките“, се пошегува пејачката на Инстаграм.

Нејзиното видео од прошетка во Њујорк за еден ден собра повеќе од 2 милиони лајкови. Некои фанови во коментарите веднаш почнаа да прашуваат кога Ријана ќе издаде нов албум и шпекулираа дека со ова видео сакала да им го открие името на албумот.

На почетокот на јуни таа најави нов албум

На почетокот на јуни Ријана објави дека започнува со работа на нејзиниот деветти албум. “Музиката е ново откритие за мене. Повторно откривам нешта. Сега сум подготвена да се вратам во студио”, изјави таа.

Пејачката го издаде својот последен албум Анти во 2016 година.

Ријана претходно најави дека новиот албум ќе излезе во 2023 година, но тоа не се случи. Наместо на албумот, пејачката беше фокусирана на нејзиниот бизнис Фенти, и секако на двете деца со раперот АСАП Роки.

останати вести