Маж е уапсен во Флорида, САД, поради обид за убиство, откако отворил оган врз автомобил со двајца патници. Според локалните власти, уапсениот мислел дека се палестински мигранти, но всушност станува збор за израелски туристи.
Обвинителството на округот Мајами-Дејд соопшти дека 27-годишниот Мордехаи Брафман е обвинет за две точки за обид за убиство. Портпаролот на полицијата, исто така, ги потврди извештаите на локалните медиуми дека во првите изјави по апсењето, Брафман рекол дека „видел двајца Палестинци, кои ги застрелал и ги убил“.
Меѓутоа, се утврдило дека станува збор за двајца израелски туристи, татко и син. Едниот бил погоден во рамото, а другиот се здобил со полесна повреда на раката.
Од почетокот на војната во Појасот Газа по невидениот напад на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година, антимуслиманската, антипалестинската и антисемитската омраза се зголеми во Соединетите држави, како што истакнуваат организациите за човекови права.