Д-Р ДАНИЛОВСКИ: Мерките никој не ги почитува, па деновиве се очекува бројките да се зголемат до 1.000

by Тони Зографски

Најновите пресметки на природно имунизирано население со прележување на болеста или пак со примање дози е некаде околу 70 проценти. Мерките никој не ги почитува тргнувајќи од политичарите и од позицијата и опозицијата, па се до поединците. Видовме што се случуваше на митинзитe, кажа проф. d-р Драган Даниловски во изјава за Канал 5.

Тој вели дека државата не води сметка и не ги слуша медицинските препораки, па затоа заштитата од болеста сега останува само на свеста на секој поединец.

-Имаме почеток на раст на бројот на заболени лица, прашање на денови е кога ќе се соочиме со бројка од над 1.000 заболени денови тоа не ни бега ако не се превземе нешто позначајно, вели Даниловски.

останати вести