Д-Р БЕЌАРОВСКИ: Иселениците кои летово ќе си дојдат дома да се вакцинираат или барем да направат тест за ковид-19

by Тони Зографски

Токсикологот, д-р Нико Беќаровски ги повика македонските иселеници кои за време на летните одмори се враќаат во Македонија да се вакцинираат или да направат барем еден тест за ковид-19.

„Послушајте патриоти….. Најголем патриотски гест на сите наши иселеници кои летово ќе си дојдат дома е претходно да се вакцинираат, или да направат барем еден тест за ковид-19, 24 часа пред да тргнат на пат.

Се друго е демагогија и квазипатриотизам.

П.С. за свадбите на затворено веќе се Ви кажа мојот почитуван колега Nikola Panovski“, напиша д-р Беќаровски.

 

останати вести