Доктор Беќаровски објаснува како короната влијае на сперматозоидите во спермата

by Тони Зографски

Професорот и доктор на Клиниката за токсикологија, Нико Беќаровски на неговиот Фејсбук профил објаснува како короната влијае на сперматозоидите во спермата.

“516% е помала концентрацијата на сперматозоиди во спермата, за 209% е намалена нивната подвижност, а за 400% е намален бројот на здрави сперматозоиди кај заболените од Ковид-19 во однос на здравата машка популација, утврди една од десетиците студии за влијанието на машката плодност и Ковид-19. За среќа најголем дел од овие промени се реверзибилни, ама не и сите. Влијанието е пропорционално со тежината на болеста.

https://www.healio.com/…/covid19-reduces-fertility-in…

Ние во Македонија не се плашиме од стерилитетот поврзан со Ковид-19, туку од со НИТУ ЕДНА научна студија непотврдениот можен поствакцинален стерилитет“, напиша Беќаровски.

останати вести