Десет лица загинаа, 32 се повредени во пожар во хотел во ски-центар во Турција (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Во пожар што синоќа избувна во хотел во ски-центарот Карталкаја во Турција загинаа 10 лица, а 32 се повредени, соопшти турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја.

Пожарот, кој избувна околу 3:30 часот во хотелот Гранд Картал во Карталкаја, еден од најголемите турски скијачки центри на надморска височина од 2.200 метри, брзо се проширил поради дрвената надворешност на хотелот, јавуваат турските медиуми.

На местото на настанот се испратени голем број противпожарни служби и екипи за брза помош.

Според првичните извештаи, објавени од агенцијата Анадолија, луѓето кои престојувале во хотелот биле евакуирани поради пожарот.

Екипите продолжуваат со гаснење на пожарот од големи размери и спречување на пожарот да се прошири на пошумениот простор на ски-центарот.

Пожарот во хотелот Гранд Карталкаја бил пријавен во Ургентниот центар во 03.27 часот.

https://twitter.com/i/status/1881584153793384748

Во соопштението објавено на веб-страницата X од гувернерот на Болу, Абдулазиз Ајдин, област на која припаѓа ски-центарот, се наведува дека 85 возила, од кои 30 противпожарни возила и 28 амбулантни возила, и 231 персонал испратен од јавни институции и организации во Болу учествуваа во гаснењето на пожарот и околните провинции.

„Гаснењето на пожарот продолжува непречено, а повредените се препратени на лекување во болниците во покраината“, се вели во соопштението.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com