ДЕВОЈКА ПАДНА ОД ТРЕТИОТ КАТ: Се спуштала со чаршав преку терасата во Ниш (ФОТО)

by Тони Зографски

Девојка (29) од Ниш е сериозно повредена откако паднала од третиот кат од зграда на улицата Књажевачка.

Како што неофицијално пренесува Курир.рс, девојчето, кое инаку имала здравствени проблеми, останало сама дома, бидејќи нејзината мајка и брат отишле на гробишта.

Во еден момент, таа се обидела да се спушти со помош на чаршав преку терасата, но паднала и претрпела тешки телесни повреди.

Екипата на брза помош ја пренела несреќната девојка во Центарот за итни случаи во Ниш.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com