Жељко Самарџиќ веќе неколку децении е на јавната сцена, а низ неговата блескава кариера најголема поддршка му е неговото семејство. Пејачот има три ќерки, четири внуци со кои ја дели радоста и тагата повеќе од четири децении.
Сепак, почетокот на градењето на тоа семејство и заедничкиот живот, започна со голема трагедија и загуба. Брачниот пар доживеа рана смрт на својот син, кој имал само три и пол месеци. Пејачот во потресната исповед раскажуваше за погребот на бебето и како Маја и тој надминале се досега.
„Семејството е од Никшиќ, таму го погребавме малиот Златко, тоа беше тага за сите нас. Кога и да дојде тој месец, Маја и јас, сами ја споделуваме таа тага и секогаш размислуваме колкав би бил да останеше жив, но тоа е живот“, започна тој.
„Човекот никогаш не знае што може да му се случи во животот. Одете по улица, па ве удира автомобил, а не сте се надевале на тоа. Беше бебе, имаше само три и пол месеци, името му го дадов Златко, по мојот кум кој многу го сакав. Се сеќавам тој период, мојата покојна баба дојде, по прв пат да го виде својот правнук, за неа тоа е голем шок кога се` се случи. Во Црна Гора машката глава е голема работа. Никогаш тоа нема да го заборавам. Фамилијарно сите отидовме од Мостар во Никшиќ за да ги направиме сите обичаи“, заврши Жељко.