“ГОСПОД Е ГОЛЕМ“: Операцијата на малата Ина во Турција помина успешно (ФОТО)

by Тони Зографски

Родителите на шестгодишната Ина се огласија преку Фејсбук со прекрасни вести. Малото девојче на кое му беше дијагностицирано тумор на мозокот кој и предивикувал епилептични напади, е успешно оперирано.

Хуманите граѓани му помогнаа на семејството да го собере потребниот износ и да ги покрие трошоците за операцијата во Турција.

-Сакаме да споделиме една убава вест со сите кои помогнавте за малата Ина. Операцијата беше успешна, се помина во најдобар ред, Ина е супер – закрепнуваме. Уште еднаш од срце да ви се заблагодарам на сите што на било каков начин ни помогнавте. Господ е голем, ќе ви врати на сите – порача преку Фејсбук таткото Ивица.

останати вести