ГАРДИЈАН: “Медена земја“ ќе добие Оскар за најдобар документарец

by Тони Зографски

Според врвниот филмски критичар на „Гардијан“ Питер Бредшоу ,Оскар за најдобар документарен филм  ќе добие „Медена земја“

Тој ги предвиде и останатите добитници на Оскар кој ќе се доделат утре, (недела, после полноќ) во Холивуд, во театарот Долби.

Според Бредшоу, за најдобар филм Оскар ќе добие филмот на Сем Мендес „1917“, а за најдобар режисер, режисерот на „Паразит“ Бонг Џoн-Хо. За најдобар актер Оскарот ќе го добие Жоакин Феникс од филмот „Џокер“ , а за најдобра актерка со Оскар ќе биде Рене Зелвегер за „Џуд“.

И оваа година на церемонијата на доделувањето на Оскарите нема да има водител.

Прогнозите на Бредшоу можат да се видат тука.

останати вести