Во Србија од сабота се воведуваат ковид пропусници, но само за по 22 часот

by Тони Зографски

На денешната седница на Кризниот штаб за сузбивање на пандемијата на коронавирус, беше одлучено во Србија од сабота да се воведат ковид-пропусници за влез во сите угостителски објекти од затворен тип, но само после 22 часот.

Премиерката Ана Брнабиќ после седницата на Кризниот штаб изјави дека епидемиолошката ситуација е катастрофална, не се смирува, и поради тоа од сабота од 22 часот ќе стапи на сила мерката за задолжително приложување на ковид-пропусница при влез во сите угостителски објекти кои имаат затворен простор.

„Ова важи за сите угостителски објекти и ковид-пропусниците ќе бидат задолжителни во рестораните, кафулињата, баровите и сите слични објекти по 22 часот од сабота, 23 октомври, така што нема да можете да бидете во затворени простории без валидна ковид-пропусница“, рече Брнабиќ на денешната прес-конференција по седницата на Кризниот штаб.

 

останати вести