“ ВООДУШЕВЕНА СУМ“: И холивудската глумица Џејми Ли Кертис ја пофали “Медена земја“.

by Тони Зографски

Познатата холивудска глумица Џејми Ли Кертис ја пофали “Медена земја“.

Џејми Ли која е ќерка на филмската легенда Тони Кертис на своите профили на Инстаграм и на Твитер за „Медена земја“ напиша:

„Колку совршен момент за овој филм. „Медена земја“ е зачудувачки. Алчност. Ненаситност. Семејство. Љубов. Чест. Природа. Истрајност. Воодушевена сум.“

Претходно воодушевување од македонскиот документарен филм, кандидат за Оскар во две кетагории, изрази и актерка Сара Џесика Паркер. Таа на својот Инстаграм профил напиша:

“Медена земја“ е неверојатна, визиуелна зачудувачка, епска а сепак интимна приказна за пчеларката Атиџе Муратова, жена која нема никогаш да ја заборавам“.

останати вести