Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека Европската Унија „се дави во корупција“, коментирајќи ја истрагата за наводни злоупотреби во проект финансиран од ЕУ за обука на млади дипломати.
„ЕУ се дави во корупција. Комесарите се соочуваат со сериозни обвиненија, Комисијата и Парламентот се опфатени со скандали, а Брисел и понатаму држи лекции по морал“, напиша Орбан на социјалната мрежа Икс.
Неговата реакција следува откако белгиската федерална полиција во вторникот, на барање на Европското јавно обвинителство (ЕППО), ги приведе поранешната шефица на европската дипломатија Федерика Могерини, висок член на Колеџот на Европа во Бриж, и висок функционер на Европската комисија.