“ВИДОВ КАКО МАЖ ДОАЃА СО ПИШТОЛ КОН МЕНЕ“: Застрелан поранешен српски фудбалер во Атина (ФОТО)

by Тони Зографски

Некогашниот српски  фудбалер на Црвене Звезда, Јувентус и Лацио, Дарко Ковачевиќ синоќа беше застрелан пред својот дом во Глифада, Атина. Се уште не позната причината за овој напад врз поранешниот српски репрезентативец кој за среќа не е во животна опасност и веќе ја даде првата изјава за овој настан за кој пишуваат сите балкански и европски медиуми.

-Видов како маж излегува од автомобил со пиштол и доаѓа кон мене. Инстиктивно скокнав на десната страна, а потоа ме застрела и влезе во возилото со кое побегна, -истакна Ковачевиќ.

Инаку, возилото од кое било нападнат Ковачевиќ било пронајдено на неполн километар од куќата на фудбалерот, а станува збор за „Смарт“ кој бил комплетно изгорен и пеплосан. Во автомобилот е пронајдено и огненото оружје од кое е пукано во Дарко, а во ситуацијата се работи за пиштол од типот „Глок“.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com