Д-р мед.сци. Маја Милованчева-Поповска
интернист-нефролог
ПЗУ Зегин Интермедика
Улогата на косата и ноктите е да ги заштитат важните делови од телото. Нивното здравје кажува за целокупната благосостојба.
Количината на влакна варира кај луѓето, под влијание е и на фактори како што се полот и возраста. Косата е составена од цврст протеин, кератин. Косата се храни со крвни садови кои доставуваат хранливи материи и хормони кои го модифицираат растот и структурата на косата во различни периоди од животот.
Ноктите се составени од кератин, кој го стврднува епидермалното (кожното) ткиво. Ноктите почнуваат да растат под кожата; делот што се гледа е од мртви клетки. Како што расте нов нокт, тој континуирано го турка стариот нокт низ кожата. Покрај заштитата, ноктите имаат и различни функционални намени.
Состојби што влијаат на косата и ноктите:
– состојби на тироидната жлезда
– алопеција, опаѓање на косата поради стареење, хормонални промени, автоимуни нарушувања или генетика. Просечно човек губи помеѓу 70 и 100 влакна дневно.
– Лупус, автоимуна болест кога телото ги напаѓа сопствените ткива и органи и резултира со системско воспаление.
– нарушувања на циркулацијата, снабдувањето со крв до екстремитетите, прстите на рацете и нозете, е инхибирано или прекинато.
– инфекции, габични инфекции на ноктите, инфекциите на скалпот предизвикани од бактерии или габи.
– флуктуации на хормоните
– третмани на рак, хемотерапија
– употреба на одредени лекови
– семејна историја
– стресни настани
– прекумерното изложување на сонце е штетно за косата
– третмани за коса, производи кои можат да бидат токсични и канцерогени
Ноктите можат да бидат чувствителни на фактори на животната средина и физиолошки промени во текот на животот. Причини за промени на ноктите:
– стареење
– премногу или премалку влага
-лак за нокти или вештачки нокти
Секојдневни навики за поздрава коса и нокти: – хигиена – престанок на пушење
– управување со стресот
– ограничена употребата на козметички производи или третмани со јаки хемикалии.
Природните масла што се користат во производите за коса помогаат за здрав раст на косата: нане, масла од вечерна јаглика, мајчина душица, рузмарин, лаванда, кедрово дрво, маслиново масло и масло од чајно дрво.
Кремите за кутикули и производите за нега на нокти содржат природни масла и состојки, вклучувајќи масло од јојоба и витамин Е.
Алое гел се користи за ублажување на болката од изгореници од сонце и е природна состојка за нега на косата.
Глицеринот е нетоксичен природен овлажнувач добиен од природно масло од растителни извори, ја влева влагата во косата како длабински регенератор, помага при сувост на скалпот и ја зајакнува оштетената коса.
Заштита на косата со капи, шалови или покривање со чадор при изложување на сонце.
Хидрација и храна богата со хранливи материи. Некои од најважните хранливи материи за здравјето на ноктите и косата се:
– железо
– цинк
– протеини
– витамини Б
– витамин Д
– витамин Ц
– омега-3 масни киселини
Вишок селен и витамин А, предизвикуваат проблеми со косата и ноктите, опаѓање на косата и кршливост на ноктите.
Најдобра растителна храна за косата и ноктите:
– јадки и семки
– авокадо
– мешунки
– овес
– бобинки
– тофу, темпе
– печурки
– сладок компир
– агруми
– лиснат зеленчук
