“ВАКЦИНИРАНА СУМ СО ДВЕ ДОЗИ“: Теута Арифи позитивна на коронавирусот

by Тони Зографски

Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи е позитивна на коронавирусот. Објави дека вчера по некои мали здравствени проблеми, се тестирала и тестот бил позитивен.

„Почитувајќи ги здравствените протоколи, следните денови ќе останам во самоизолација примајќи ја потребната терапија. Иако пред повеќе од месец и половина ја примив втората доза од вакцината, вирусот уште е меѓу нас и може да влијае на секого!

Благодарение на вакцинацијата досега имам само благи симптоми, затоа ги охрабрувам сите граѓани да се вакцинираат што е можно поскоро! Останете внимателни и одговорни, заштитете се себе си, семејството и другите околу вас“, напиша Арифи на Фејсбук.

останати вести