Брачен пар крадел зелка, па се удавил во бунар

by Тони Зографски

Беживотните тела на Часлав А. (57) и неговата сопруга Слаѓана А. (50) се пронајдени денеска во бунарот во близина на српскиот град Трстеник.

Според првичните резултати на истрагата, мажот и жената пропаднале во бунарот откако на нивата краделе зелка.  Тие бил со лицата свртени накај дното на бунарот. Нивниот автомобил е пронајден во близина до бунарот, а до него биле и нивните опинци. Во колата бил украдената зелка.

Инаку, еден час претходно, во семејната куќа е пронајдено нивното тригодишно дете кое било во лоша здравствена состојба, па е пренесено во болницата во Трстеник

“ Комшиите во селото слушнале дека детето плаче, па тргнале да ги бараат мајка му и татко му“, изјавил мештанин во селото каде што живееле.

Според првичната истрага, се работи за несреќен случај.

(фото: Новости.рс)

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com