Борко: Хрватска е поквалитетна репрезентација од нас, треба да го прифатиме тоа

by Тони Зографски

Голманот на македонската репрезентација, Борко Ристовски жали за пропуштените шанси против Хрватска, но е свесен дека Македонија нема квалитет да се носи со денешниот противник. Македонија со голема желба влезе во дуелот со Хрватска, но реалноста се виде на теренот, а на него противникот беше подобар и убедливо победи.

„Им се поклопија коцките на Хрватите, ние промашивме зицери, тие тоа го казнија со лесни голови. Нема многу што да се објаснува, Хрватска е поквалитетна репрезентација од нас и тоа треба да го прифатиме. Тоа е тоа, одиме понатаму“, вели Борко Ристовски.

„Што се однесува до тактиката „седум на шест“, тоа е избор на Раул Гонзалез. Создадовме многу зицери, но исто така и промашивме многу од нив. Тоа се тактички надмудрувања за кои се одлучи селекторот“.

„Не знам дали ќе одмараме со Шпанија и ќе се фокусираме на Исланд. Тоа треба да го одлучи селекторот“.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com