Убавата турска актерка Бергузар Корел, најпозната по улогата на Шехерезада во турската хит серија „1001 ноќ“, ова лето го одзема здивот во костимите за капење.
Бергузар и нејзиниот сопруг, славниот турскиот актер Халит Ергенч, познат по главната улога во хит серијата „Сулејман Величествениот“, во моментот се наоѓаат на одмор.
Убавата актерка минатото лето се одлучи за драстична промена на фризурата – ја обои својата густа црна коса во руса и ја истрижа во модерната фризура наречена боб.
Бергузар, која во август ќе наполни 42 години, никогаш не изгледала подобро, заклучија сите гледајќи ги најновите фотографии на Инстаграм. Турската актерка летото го дочека топ подготвена и во совршена форма, а според фотографиите можеме да видиме дека едноделениот бел костим за капење одлично ѝ стои.
Бергузар не откри каде летува со сопругот Халит Ергенч и децата, синовите Али и Хан и ќерката Лејла, но секојдневно ги воодушевува обожавателите на социјалната мрежа Инстаграм со прекрасни фотографии од одморот.
„Танцував, јадев многу сладолед, се наситив со ќофтиња, патлиџани и маслиново масло. Тоа беше продуктивен викенд“, напишала Бергузар покрај една од фотографиите.
На другиот сет фотографија, Бергузар изгледа нереално, облечена во црвено бикини среде море на зајдисонце.