Ангелот на Викторија Сикрет: “Порано никој не ме погледнуваше” (ФОТО)

by Тони Зографски

Убавицата од модните писти, Тејлор Хил е една од најпосакуваните ангели на Викторија Сикрет. Таа го прослави својот 23 роденден и откри што и се случувал пред да започне со манекенската кариера.

“Училиштето го напуштив на 14 години за да ѝ се приклучам на една модна агенција. Подоцна продолжив со школување, но тој период не го паметам како убав.“ вели Тејлор и додава:

“Го мразев средното училиште, врсниците ме исмеваа, момците не сакаа ниту да ме погледнат…но сега тоа се промени. Често ми се случува некој да ме застане на улица и да каже “знаеш, ние одевме заедно на училиште”…”.

останати вести