Актерката Нина Деан го покажа трудничкото стомаче (ФОТО)

by Тони Зографски

Актерката Нина Деан за неколку месеци ќе стане мајка, а приновата заедно со Мартин ја очекуваат напролет. Таа синоќа на социјалните мрежи постираше фотографија од нејзиното трудничко стомаче на кое имаше нацртано срце.

-Безусловно, напиша Нина во прилог на фотката.

-Пресреќна сум. Никогаш не ми било вака и сигурна сум дека Мартин се појави за да го исцртаме и затвориме кругот. Не се двоиме, се смеееме, се сакаме, едноставно знаеме дека сме еден за друг и тука нема некоја филозофија. Среќата не одбра нас, а и ние неа. Бебето само е потврда дека нештата се таму каде што им е местото,-  изјави Нина по соопштувањето на убавата вест.

останати вести