“АКО УСПЕЕШ ДА ПОМИНЕШ СЛОБОДЕН СИ“: Заробени војници ги терале да шетаат во минско поле (ВИДЕО)

by Тони Зографски

На социјалните мрежи се прикажува вознемирувачко видео од погубување на воен заробеник во Украина.

Наводно, на него, како што пренесуваат медиумите во регионот, се прикажани војници на една од завојуваните страни кои ги принудуваат затворениците да влезат во минско поле под закана со оружје.

Според написите, се слуша како војниците му викаат на затвореник кој оди низ минско поле, велејќи му дека ќе биде слободен ако го помине полето.

Еден од војниците, сепак, не бил задоволен од начинот на кој еден од затворениците се движел низ минското поле, па во еден момент отворил оган кон него, стои во извештаите.

https://twitter.com/i/status/1702548941860995103

останати вести