Џесика Алба се соблече во бикини- ужива на одмор по разводот (ФОТО)

by Тони Зографски

Џесика Алба (44) привлече внимание овој викенд додека уживаше на сончева дестинација, позирајќи во бикини покрај базенот.

Таа го комбинираше бикинито со шапка и очила за сонце, а фотографиите ги сподели на својот Инстаграм профил, каде што собра над 100.000 лајкови за помалку од десет часа.

Џесика Алба сподели и фотографија во леопардски костим за капење во луксузен спа-центар. Во описот на објавата напиша: „Фокусирана на мир – дишење – пријателство и грижа за себе“.

Неодамна се разведе

Инаку, Алба го потврди разводот од Кеш Ворен на 16 јануари на социјалните мрежи. Гласините за нивната разделба се појавија една недела претходно, а актерката во објава на својот Инстаграм профил изјави дека „со години е на пат на самооткривање – и како индивидуа и со Кеш“.

Се вели дека Џесика планира да се откаже од презимето Ворен и да се врати на своето моминско презиме. За време на судскиот спор ќе се утврди што точно ќе се случи со нивниот заеднички имот. И двајцата бараат заедничко старателство над трите деца, ќерките Онор Мари (16) и Хејвен Гарнер (13) и синот Хејс (7).

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com