“ЏАБЕ АКО НИЕ СМЕ ЗДРАВИ, А СОСЕДИТЕ НЕ“: Вучиќ за вакцините за Македонија

by Тони Зографски

Претседателот на Србија утрово одговори на тоа зошто одлучиле на Македонија да и дадат вакцини против корона откако владата на Заев не успеа да ги обезбеди. Вучиќ објасни дека имаат обврска да им помогнат на соседите, и дека покрај на Македонија би и помогнале и на Албанија.

-Што би вредело ако сите ние сме здрави ако соседите имаат безброј проблеми. Ние можеме да бидеме среќни само ако соседите ни се среќни. Кога треба даим помогнеме?. Кога им е добро? Треба да им помогнеме кога им е тешко-изјави Вучиќ  кој смета дека снаодливоста на Заев придонела да Србија даде 8.000 вакцини за нашата земја.

Тој рече дека нема проблем Србија да помогне и на Албанија доколку биде потребно и го окарактеризираше како нормален однос.

Вучиќ не објасни дали вакцините ќе бидат донирани, или, сепак ќе бидат купени од страна на нашата земја како што најави премиерот Заев вчера.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com