Ќе се мажи српската водителка, а си најде и пејач за свадбата (ФОТО)

by Тони Зографски

Српската водителка Деа Ѓурѓевиќ која пред пет месеци доживеа тешка сообраќајна несреќа во која автобус и ја откина раката ќе се мажи со дваесет години постариот колега Младен Мијатовиќ  со кој подолго време се во врска- дознава Ало рс.

– Деа и Младен дојдоа до идеја да се венчаат на денот на нејзиниот роденден. По тешката несреќа сватија колку се сакаат, а предлогот на Младен да да организираа двојна веселба, роденден и свадба, со задоволство го прифати Деа -вели извор за ало. рс и додава:

-Младен не прашува колку  ќе чини свадбата само нејзината сакана да биде задоволна. Со недели се занимава со организација, музика, декорација, мени… Очекуваат 150 до 200 гости а најверојатно ќе ги забавува Шако Полумента чии песни Деа особено ги обожава. Шако веќе прифати да пее на свадбата и и вети на Деа дека ќе и ја отпее секоја песна што ќе ја посака.

 

останати вести