ЌЕ ПОЧЕКАМЕ НА ОЛЕСНУВАЊЕ НА МЕРКИТЕ: Комисијата за заразни болести ја одложи дискусијата за утре

by Тони Зографски

Комисијата за заштита од заразни болести сè уште не разговарала за олеснување на превентивните мерки воведени за заштита од ширењето на вирусот Ковид-19.

Според извори од комисијата, големиот број заразени лица утврдени денеска ја натера Комисијата да го одложи олеснувањето на мерките. Следната средба е утре, пренесува Алсат.

Инаку, во последниве 24 часа се утврдени 22 нови случаи на Ковид-19, од изработени 145 тестови.

Од нив, во Скопје-13, Прилеп-2 и Тетово-7.

Здравствените власти, како што е најавено, препораките ќе ги донесат врз основа на статистиката од последните два дена (денеска и утре) за состојбата со епидемијата.

 

останати вести