ЌЕ ДОБИЕ ПОЛА МИЛИОН ДОЛАРИ ОШТЕТА?: Еве како Ѓоковиќ е изведен од притвор (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Новак Ѓоковиќ доби дозвола да го напушти “хотелот“ во кој бил заробен неколку дена.

Судијата Ентони Кели за време на судењето барал од Новак да го напушти миграциониот “хотел“ кој наводно со адвокатите требал да го гледа продолжение на судењето.

Од друга страна, РТС пренесува дека многу брзо се вратил во хотелот, поради технички проблеми, неможел да го следи судењето.

Инаку, одлучено е на Ѓоковиќ да му се продолжи дозволата за престој во Австралија бидејќи судењето траело подолго отколку што се очекувало. Исто така Владата на Австралија ќе мора да му исплати отштета за неправедниот четиридневен притвор, како и покривање на сите судски и административни трошоци.  Според австралиските медиуми висината на отштетата која ќе ја плати австралиската влада може да достигне и до 500.000 долари.

Според австралиските медиуми висината на отштетата која ќе ја плати австралиската влада може да достигне и до 500.000 долари.

Се појавило и видео каде што се гледа како Новак го пуштаат од хотелот. Тој во бело комбе е изваден од хотелот, но не е познато каде е однесен.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com