Јамал „фатен“ во Монте Карло со позната пејачка (ФОТО)

by Тони Зографски

Осумнаесетгодишната ѕвезда на Барселона, Ламин Јамал, е познат по својот бурен живот надвор од теренот. Летово изненади со раскошна роденденска забава по повод неговото полнолетство, а претходно и со одмор со инфлуенсерката Фати Васкез (30).

Сега, медиумите го поврзуваат со пејачката Ники Никол, со која беше снимен како шета низ Монте Карло.

Тие, како што пишуваат медиумите, „побегнале“ на одмор откако пејачката го следела неговиот натпревар против Мајорка.

Покрај прошетката, папараците ги уловија и на огромна јахта, со што дополнително ги подгреаја шпекулациите за можната љубовна врска.

Фудбалерот и пејачката, според новинарот Чави Хојос, одбрале да престојуваат во хотелот „Maybourne Riviera“.

Цената за едно ноќевање во август изнесува 2.700 евра, а за апартманот што го резервирале Јамал и Никол — со еден „king size“ кревет и приватен базен — сметката се искачила на најмалку 10.000 евра по ноќевање, иако хотелот располага и со поскапи соби.

Сето тоа се случува по нивното појавување во еден ноќен клуб, каде што биле забележани во интимна прегратка.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com