Кога 18-годишниот фудбалер Ламин Јамал се појавил на потпишување на новиот, 40 милиони вреден годишен договор со Барселона сите очекувале дека ќе дојде во придружба на менаџери, адвокати или цел ПР тим, меѓутоа младиот фудбалер, миленик на младите генерации се појавил рака под рака со својата баба Фатима.
Каталонскиот клуб и тинејџ сензацијата потпишале договор до 2031 година, а Јамал ќе носи дрес со нов број, култната „десетка“.
Пред него во Барселона овој број на грбот го носеле Меси, Роналдињо, Диего Марадона…
„Марадона, Меси, Роналдињо се легенди на фудбалот и овој клуб. Секое дете сонува да ископира нешто од нив. Ќе се обидам да го продолжам нивното наследство. Меси имаше свој пат, јас имам свој. Сега тој број дојде до мене. Работејќи напорно, ќе дадам сѐ од себе и ќе се обидам да ги направам среќни навивачите на Барселона“.
Дека семејниот живот е многу важен за голгетерот говори и анегдотата поврзана за неговото име.

После одредено време успеала да ги донесе и своите синови таму, Абдула и Моунир. Моунир во Шпанија ја запознал Шила со која почнал да се забавува, меѓутоа и во Шпанија живееле многу тешко, одвај преживувале и имале доволно пари само за кирија.
За среќа имале двајца неразделни пријатели кои се викале Ламин и Јамал кои им помогнале кога им било најпотребно. Благодарение на нив, родителите на младиот фудбалер успеале да преживеат.

За возврат Шила и Моунир им ветиле дека доколку имаат машко дете ќе му го дадат името по нив двајца.
Во јули 2007 година тие го исполниле верувањето и на синот му го дале името Ламин Јамал. Сепак, тогаш не можеле ни да замислат дека тој ќе стане една од најголемите фудбалски ѕвезди.
