ЈА ИЗГУБИ БИТКАТА СО ТУМОР НА МОЗОКОТ: Почина пејачката на познатата група “Роксет“ (ФОТО)

by Тони Зографски

Пејачката на познатата група “Роксет“ Мери Фредриксон почина вчера на 61 година од тумор на мозокот.

-Со голема тага објавуваме дека една од нашите најомилени уметници повеќе ја нема. Мери Фредриксон почина во понеделникот од тешка болест – стои во соопштението на семејството.

Инаку,  уште пред три години Мери изјави дека е тешко бoлна. Таа требаше да ја оддржи турнејата по повод 30 години успешна кариера, но поради лошaта здрaвствена состојба  мораше да ги откаже сите настапи, и обожавателите немаа прилика за последен пат да и ги слушнат песните во живо.

-Ова беа 30 извонредни години на бендот „Роксет“. За жaл, деновите на турнеја за мене се готови и затоа би сакал да им се заблагодарам на сите обожаватели што толку време му беа верни на нашето дуо – напиша тогаш Мери на Фејсбук.

Мери Фредриксон зад себе остави две деца.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com