ШЕНКА КОЛОЗОВА ЗА ЃОРЃИ: “Јас сум тука живеам, греота е што него го нема“ (ВИДЕО)

by Тони Зографски

После 16 години од смртта  на нејзиниот Ѓорѓи, Шенка Колозова пред објективот на Бекстејџ со солзи во очите за прв пат се отвори и ѝ кажа на пошироката јавност како навистина се чувствува.

“Многумина ќе ви кажат дека со времето се поминува, меѓутоа не со времето ти е се потешко и потешко.Не поминува тоа. Сите велат леле греота ти, не сум греота јас. Јас сум тука живеам, се радувам, плачам, чувам внуци. Греота е тој што повеќе го нема“ вели Шенка која по бројните претстави за возрасни и за деца кои ги играла низ цела Македонија, решила да се повлече од актерството:

“Пред две години реков: “Мене ми е доста, не можам веќе” и затоа прифатив да бидам зад сцената”, изјавила таа и додала дека го користи слободното време за одмор во старата куќа во едно охридско село.

останати вести