Шеикот Калифа бин Хамад бин Калифа Ал Тани, најмладиот син на поранешниот емир на Катар е еден од најбогатите луѓе во светот, а жените се воодушевени од неговиот изглед. Тој е вистинска сензација на социјалните мрежи, каде изгледа како вистински плејбој.
Девојките ширум светот ја фалат маркантноста на шеикот, а тој од социјалните мрежи се повлекол пред две години. Животниот стил кој изобилува со луксуз, злато и скапи автомобили го привлекува вниманието на луѓето ширум светот. Рангиран на деветтото место меѓу најбогатите членови на кралското семејство во светот, вкупниот имот на семејството Ал Тани се проценува на околу 335 милијарди долари, според извештаите.
Кој е тој?
Пораснал во Доха, а добар дел од животот го поминал во Лос Анџелес каде студирал на Универзитетот во Јужна Калифорнија. Се стекнал со диплома и магистер по јавна политика и дипломатија.
Неговиот екстравагантен начин на живот го привлекол вниманието на таблоидите, со приказни за него како дарува скапи подароци на службениците и вработените на Универзитетот.
Автомобили
Тој е горд сопственик на импресивна колекција на суперавтомобили, вклучувајќи McLaren од 890.000 долари и LaFerrari од 1,5 милиони долари.
По завршувањето на студиите се вратил во Катар каде станал офицер во внатрешните безбедносни сили. Во 2020 година, тој бил назначен за член на Националниот совет за безбедност и бил командант за безбедносни операции за Светското првенство во фудбал во 2022 година. Исто така е и претседател на фудбалскиот клуб Ал-Духаил СЦ.
Семеен човек
Шеикот Калифа е блиску поврзан со неговото семејство, особено со неговата мајка Шеика Моза, која е прва дама на Катар и претседател на Фондацијата Катар. На неговиот Инстаграм профил често може да се видат слики со членови на семејството, на кои се прикажани во опуштено, семејно опкружување.