Невообичаена и вознемирувачка приказна е забележана во кинеската покраина Хунан, каде што еден маж бил примен во Медицинската универзитетска болница со сериозни болки во стомакот.
Според Хуаихуа Дејли, пациентот пристигнал видливо блед, потејќи се и жалејќи се на проблеми со стомакот.
Докторите направиле КТ скенирање на абдоменот и откриле „туѓо тело“ кое, очигледно, навлегло во стомакот и завршило во абдоминалната празнина.
Стомакот на несреќниот човек бил многу тврд, па лекарите се сомневале на потенцијално фатален перитонитис. Поради сериозноста на ситуацијата, било одлучено веднаш да се изврши лапароскопија.
Сепак, она што го откриле за време на операцијата го шокирало целиот тим – жива јагула пливала во абдоминалната празнина!

Успешно закрепнување
За време на операцијата, било откриено дека суштеството пробило низ цревата и влегло во абдоминалната празнина, создавајќи ризик од внатрешна инфекција, објавува Oddity Central.
Хирургот успеал да ја фати и отстрани јагулата со помош на специјален инструмент, а потоа ја исплакнал абдоминалната празнина со физиолошки раствор за да го намали ризикот од ширење на инфекцијата.
Човекот успешно се опоравил по операцијата и набрзо бил отпуштен од болницата.