Цистерна полна со нафта се преврте кај Неготино

by Тони Зографски

Цистерна полна со нафта синоќа се преврте кај Неготино, пишува ТВ1.  Цистерната се враќала од Грција од каде превезувала нафта кон Скопје. Возачот, за среќа, не е повреден, а причинета е само материјална штета.

Најверојатно причината за сообраќајката е заморот на возачот бидејќи на пат кон Грција тргнал  во 7 часот наутро, таму чекал да се наполни цистерната и веднаш заминал кон Скопје. Возачот со кој разговараше 1ТВ вели дека имаат наредба од раководството да возат без одморот кој е предвиден со закон.

 

останати вести