Цеца збесна на новинарите, кои ја прашаа за срамното прегрнување на бугарското знаме во Велес (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Српската фолк пејачка  Светлана Цеца Ражнатовиќ во петокот одржа концерт во Велес, Македонија, пред околу 5.000 обожаватели во спортската сала Гемиџии.

Сепак, откако некој од публиката ѝ подаде бугарско знаме, пејачката се завитка во него.

Овој гест предизвика мешани реакции кај публиката во Велес – додека некои гласно аплаудираа, други беа изненадени од потегот, а како што првично објавија домашните медиуми, пејачката беше принудена да ја напушти сцената поради гласните протести, иако кратко потоа го продолжи концертот, откако го спушти знамето, објави Мондо.

Пејачката денеска дојде да сними емисија, и иако на почетокот се смееше, нејзиното расположение брзо се промени откако новинарите ја замолија да коментира за настаните во Велес.

„Дали сте новинари? Зошто не истражувавте“, бесно одговори пејачката на прашањето, а потоа бесно додаде:

„Се ширеа лаги дека мојот концерт бил прекинат и дека сум насилно симната од сцената! Дали е тоа вистина? Пеев повеќе од два и пол часа… Мислам, чест на исклучоците, а има и такви што ги шират тие глупости“, продолжи Цеца.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com