Хулио Иглесијас доби 43-годишен син (ФОТО)

by Тони Зографски

Еден од најомилените латино пејачи на сите времиња Хулио Иглесијас кој има 75 години доби 43-годишен син. Судот во Валенсија пресуди дека Иглесијас е биолошки татко на 43-годишен маж, со чија мајка бил во кратка љубовна врска во 1975 година.

Хавиер Санчез Сантос е роден во 1976 година, а неговата мајка е португалската танчерка Мариа Едите Сантос. Санчес поминал 30 години обидувајќи се да докаже дека Иглесијас му е татко. Во 1992 година, Иглесијас го доби случајот на суд, но пресудата беше поништена.

Ова е деветто дете на Хулио и прво вонбрачно. Три деца има од поранешниот брак со Изабел Прејслер, меѓу кои е и славниот пејач Енрике Иглесијас. Пет деца има со сегашната сопруга Миранда Ријнсбургер.

Инаку, Иглесијас (75) продал повеќе од 300 милиони плочи на 14 јазици и е најпродаваниот латино уметник на сите времиња.

 

 

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com