Хорор во Франција: Пронајдени тела на жена и нејзините четири деца, таткото во бегство

by Тони Зографски

Француското обвинителство покрена истрага за повеќекратно убиство откако беа пронајдени пет тела во градот Мео, североисточно од Париз.

Локалните медиуми јавуваат дека жртвите се жена и нејзините четири деца, пренесува „Фигаро“.

Веб-страницата Actu17, која прва објави за овој случај, наведува дека полицијата трага по 33-годишниот татко, кој е „во бегство“.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com