ХОРОР ВО БРУКЛИН: Мајка фрлила две деца од прозорец, уморна од тоа што е сама

by Тони Зографски

Мајка од Бруклин, САД, на возраст од 24 години, своите две деца ги фрлила од прозорец, а потоа и таа се фрлила по нив, соопшти њујоршката полиција

Жената, која тврдела дека е „уморна од тоа да биде сама“, ја фрлила прво својата ќерка стара четири недели, па двегодишното момче од вториот кат, а потоа и таа скокнала, пренесоа њујоршките медиуми.

Несреќата се случила напладне, а медиумите додаваат дека жената била без облека, како и нејзините две деца.

Надлежната служба ги пренесе во болница, девојчето е во тешка состојба, додека двајцата не се здобиле со повреди опасни по животот.

Според сведоците, кога паднала, жената не изгубила свест, ги грабнала децата и продолжила да ги повредува.

Очевидец додаде дека таа ја удрила главата на новороденчето во земја, поради што тој истрчал „ја прескокнал оградата и се борел со жената за да и го одземе новороденчето од рацете“.

Како што изјавил, таа во еден момент му се заблагодарила, но продолжила да зборува за тоа „колку е уморна од тоа да биде сама“.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com