Хор од Шведска ја испеа „Скопје“ од „Леб и сол“ на концерт во Стокхолм (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Женскиот хор „Братствa и детињствa“, кој е оформен и функционира во Стокхолм, Шведска, на еден од своите концерти ја изведе песната „Скопје“ од македонската рок група „Леб и сол“. Видеото од настапот беше споделено на социјалните мрежи, а изведбата наиде на позитивни реакции.

Хорот е формиран пред неколку години по иницијатива на српската пејачка и композиторка Кристина Ковач, која живее во Шведска. Таа е ќерка на композиторот Корнелије Ковач.

„Братствa и детињствa“ досега има реализирано повеќе концерти во Шведска, а во тек се и аудиции за прием на нови членки.

Репертоарот им опфаќа песни од различни жанрови и јазици, вклучително и композиции од музичкото наследство на просторот на поранешна Југославија.

Кликнете за да ги погледнете видеата од неговите настапи:

View this post on Instagram

View this post on Instagram

View this post on Instagram

View this post on Instagram

останати вести