Холивудска глумица ја закла мајка си

by Тони Зографски

Американската глумица Моли Фицџералд (38) е уапсена синоќа кога полицијата открила дека ја убила својата мајка.

Актерката која глумеше во хитот „Капетан Америка“ ја заклала мајка си со нож на 20 декември во Канзас Сити.

Таа е обвинета за убиство и е задржана во притвор.

Нејзината мајка ќе биде погребана утре, а сите ја опишуваат како мила личност која била подготвена да помогне секому, пренесуваат западните медиуми.

На интернационалниот сајт за филмски податоци „ИМДБ“ се наведува дека Фицџералд била актерка, директорка и продуцентка.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com